Бојан Јовановски – Боки 13 со емотивна порака испрати сочувство до семејството на Дивна Карлеуша. Тие се запознаа во селебрити изданието на реалното шоу „Големиот брат“ и станаа добри пријатели.

Додека јас одев на штикли и во женски сукњи ти секогаш гордо шеташе со мене по Белград, ти ме бодреше и ми даваше поддршка додека другите се потсмеваа и додека другите ме навредуваа. Ти ми беше како друга мајка, ти беше со мене кога ми беше тешко, ти беше со мене кога најмногу ми требаше! Ти беше со мене и веруваше во мене кога рекот кој веруваше и ме поддржуваше. Ти беше првара која ме однесе во нашиот потоа омилен ресторан во Белград, ти никогаш не дозволи да платам сметка за ручек или вечера, ти беше најгалантната жена која сум ја запознал. Ти беше скромна и голема, ти имаше срце, големо лавовско срце, ти имаше мудрост, ти имаше љубов, ти имаше разбирање за сè. Ти беше единствена, посебна и неповторлива, ти беше навистина Дивна!, напиша Боки.

Тој додаде дека додека го пишувал ова се чувствувал среќен и тажен, среќен што имал таква личност во животот, тажен што веќе а нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.