Огњен Врањеш воопшто не го погоди веста дека неговата поранешна љубовница Јелена Карлеуша се разведува.
Фудбалерот на Андерлехт смета дека неговата некогашна драга со која тајно се гледаше две години, добила што барала. Тоа за српски Курир го потврдил близок пријател на спортистот од Босна, кој му соопштил дека Јелена се разведува.
Верувајте дека воопшто не го погоди таа вест. Јелена одамна не го интересира. Баш зборував со него за се што се случуваше и единствено што го интресира е таа да одговара за заканите и навредите кои ги изнела на социјалните мрежи. Му јавив дека се разведувам, но тој на кратко искоментира дека добила што барала. Ете сега остана и без пари и без маж. Кај него работите се јасни од самиот почеток. Се што можеше тој и пружи. И беше убаво додека добиваше од него подароци, а се фалеше на социјалните мрежи дека драгиот маж Душко и ги подарува – рекол соговорникот, кој инсистирал на анонимност.
Тој тврди дека Јелена живеела како кралица додека била со Врањеш.
Се имаше. Што и да посака, тоа доби. Покрај него баш уживаше. Дома имаше мир, а со мојот другар љубов и внимание. Лошо одигра слатката мала. Врањеш не го интресираше ни дали се разведува, ни дали повторно се мажи, само да одговара за своите непромислени изјави и закани кој му ги упати на него со кои го загрози неговиот живот и семејство – завршил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.