Според пишувањето на странските медиуми, Никол Потуралски е веќе омажена, а таа влегла во романса со Бред Пит, кој е скоро 30 години постар од неа.

Наводно, Бред ја запознал својата девојка во ресторанот што го водел нејзиниот сегашен сопруг Роланд.

Актерот доаѓа во тој ресторан со години, а со Роланд се познава веќе подолго време. Никол му го даде својот телефонски број веднаш штом се сретнаа и тука започнаа искрите меѓу нив, изјави пријател на моделот.

Никол и Роланд го имаат синот Емил (7), а Роланд не сакаше да ги коментира односите меѓу неговата сопруга и актерот.

Не го интересираат негативности или љубомора. Тие се уште се во брак, а таа врска може да се опише како отворен брак, вели пријател на Никол Потуралски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.