Денеска се навршуваат девет години од трагичната смрт на пејачката Ксенија Пајчин која беше убиена од своето момче Филип Каписода, кој потоа се самоуби.

И по девет години многумина не може да поверуваат дека пејачката повеќе ја нема. Таа важеше за една од најхаризматичните пејачки на естрадата и личност која беше полна со енергија и оптимизам.

Безживотното тело на својата ќерка и нејзиното момче го пронајде нејзината мајка Љубица, а трагедијата за секогаш го зацрни домот на пејачката.

Српски „Пинк“ на деветгодишнината од нејзината смрт пред нејзината зграда пронајде бела ружа кој ја оставил непознат маж со емотивна порака, по што може да се забележи дека пејачката многу му значела.

Никогаш нема да те заборавам каде и да си…, пишува на пораката која беше оставена до белата ружа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.