Да беше жива една од најубавите пејачки во регионот денес ќе наполнеше 42 години.

За жал, експлозивната љубов со Филип Каписода на крајот се заврши трагично. Тие двајца константно беа на граница помеѓу љубовта и омразата. Нивната врска имаше фатален исход, а едeн без друг не можеле.

Пејачката и нејзиното момче имаа посебна хемија и страст но и проблеми и судри за кои немало решение. Како што се зборуваше причините за сите тие недоразбирања и кавги била љубомората која едена од најубавите двојки од овие простори ги однесе во трагична смрт.

Имено, едната верзија тврди дека до крвопролевањето дошло поради патолошка љубомора и различни животни ставови. Другата пак тврди дека Ксенија сакала кариера додека Филип сакал да засноваат семејство и дом.

На крајот Филип ја уби Ксенија на 32 години, а потоа  изврши самоубиство.

Ксенија имала облечено јакна, што значи дека била подготвена за излегување. Тоа што телото  го пронајдовме во ходник покажува дека Филип ја стигнал на самата врата. Во прилог на таквиот заклучок зборува и тоа дека тој бил само по маичка и фармерки, што значи дека немале план заедно да излегуваат. Очигледно е дека тој се обидел да ја сопре, а кога не успеал да ја спречи и испукал куршум во глава – се наведува  во најверната реконструкција на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.