Освен острата пресметка со Огњен Врањеш и злите јазици кои секојдневно ја напаѓаат поради секс аферата со босанскиот фудбалер, Јелена Карлеуша, наведуваат српските медиуми, не ја запостави ниту другата страна, љубовниците на маж и.

Бидејќи не биле малку оние кои кои биле на црната листа, ЈК тргнала по ред.

Како што пишуваат, кога манекенката Владана Раилиќ потврдила дека била во шема со Тошиќ, веќе наредниот ден морала да ја демантира таа изјава, тврдејќи дека некој и ја хакирал страната на Инстаграм. Единствено што не е утврдено е дали профилот и е хакиран ден или два пред спорната изјава, со оглед на тоа дека објавила два деманта со различни временски одредници.

Нејзините статуси ЈК ги објавила на сопствениот профил. Владана наскоро се предомислила па ги избришала, свесна дека излажала. Како што се истакнува, главната причина за нејзините објави се заканите кои ги добила од луѓе блиски на Јелена, од кои се исплашила.

Од друга страна, пејачката на сите начини се обиде да докаже дека не и пречат приказните дека маж и ја изневерува со Софија Милошевиќ, за да потоа испливаат шокантите пораки во кои другарка и ја нарекува „проститутка од најниска класа која спие за пари“.

Малку пред тоа, Софија секако ги демантираше наводите за врска со Тошиќ, веројатно не сакајќи да го вкуси гневот на Карлеуша.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.