Дејан Милиќевиќ веќе две недели е хоспитализиран во Белград, поради тешка форма на коронавирусот. Во интервју за „Пинк“ тој вели дека сега се чувствува малку подобро, но дека лекарите едвај успеале да го спасат бидејќи вирусот се проширил на белите дробови и ситуацијата дополнително му се комплицирала.

На моменти бев во агонија. Едвај останав жив. Короната се прошири бргу, а лекарите мислам дека во еден момент изгубија надеж дека ќе преживеам. Останувам во болница уште една недела, па ќе се лекувам од дома, открива Милиќевиќ.

Познатиот балкански режисер, фотограф и стилист дoдава дека луѓето мора да гледаат оптимистички на целата ситуација, но дека не смеат да се опуштат и да заборават на препораките за заштита на јавното здравје.

Не одете на сплавови, во ноќни клубови, на затворени места. Јас се заразив од другарка што ме изгушка и бакна затоа што се немавме видено долго време, а не знаеше дека е заразена. Беше страшно, две недели температура и кислород. Ми претстои тешко закрепнување за да се вратам на старо. Ама веќе никаде нема да одам без маска и нема да терам српски обичаи да се бакнувам за да се поздравам со некого, додал тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.