Српската пејачка Тања Савиќ овој период поминува низ вистински пекол.

Имено откако сопругот и ги зема двата сина и ги однесе во Австралија, сега се заканува дека ќе ја објави порно снимката на неговата сопруга.

Заканувањето од сопругот Душан започнало неодамна кога тој преку телефонски разговор и се заканил на пејачката дека ќе го објави порно видеото од неа, доколку не престане да ги бара синовите назад преку медиумите.

На Душан му паднало многу тешко што веќе не може да ја контролира Тања и да ја натера да молчи за се лошо што и направил досега. Тој никогаш не ни помислил  дека пејачката јавно ќе го осуди преку медиумите и ќе си ги бара децата назад. Пејачката е решена правдината да ја истера до крај и единствено ќе биде спречена во тоа ако јавно и се закани пред синовите и семејството со видео клип кој го поседува, вели извор близок до парот.

Тој додава дека од страв Тања да не го открие психичкото и физичкото малтретирање кое го претрпела, ја потсетил дека се уште ги чува снимките од сексот кој го имале.

Индиректно ја потсети како им било убаво додека се снимале додека имале секс, а потоа и порача дека многумина би сакале да ја видат во такво издание. Таа беше шокирана од сето тоа, бидејќи без обѕир на се е мајка на неговите деца. Започна да плаче и да урла и да му зборува дека го мрази. Потоа тој повторно и се закани дека би било штета нејзините деца во училиште да ги прозиваат поради порно мајката – вели изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.