Пејачката Тања Савиќ веќе скоро седум месеци води битка за старателство над своите синови, кои нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ ги одведе во Австралија.

Таа сега изнесе потресни детали од нивниот однос, па откри како се изгледало непосредно пред синовите и да и бидат одведени.

Им рече на децата дека сум ги сокрила пасошите. Јас навистина ги сокрив, бидејќи тој тоа еднаш веќе го направи, ги одведе децата. Тогаш се разбира потрчав по нив, бидејќи не сакав да ги изгубам. Тој мислеше и овојпат ќе биде така. Реков, имам 35 години и еден живот, епа нема веќе така да правиш со мене. Многу е тешко да се спротивставиш – рекла Тања и додала:

Им рекол: Мама ги зела вашите пасоши, таа сака вие да умрете од корона во Србија. Ете гледате каква е мајка ви. И тогаш децата буквално почнаа да ме удараат со тупаници. Двата мои сина викаа, врати ги пасошите, те мразиме. Не можев да им објаснувам, што да им кажам. Тие се мали, ќе видат кој е татко им, а која е мајка им. Сега тие и самите гледаат. Сакам да им кажам дека ги сакам и дека ќе се борам за нив – низ солзи раксажала Тања во емисијата Магазин Ин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.