Марина Гагиќ го напушти Дарко Лазиќ и од нивната куќа во Брестач замина во куќата на нејзините родители во Печинци. Tие со месеци имале кавги и несогласувања, а за време на една жестока расправија фолкерот дури и зел пиштол и во бес и пукал кон телевизорот, дознава српски „Курир“.
Како што вели нивниот извор близок до пејачот, Дарко и вереницата се на работ на раскин од крајот на минатата година, а расправиите стануваат сè почести.
Марина се нервира што Дарко крие некои работи од неа, излегува кога ќе му текне, не ѝ крева на телефон, а неколку пати не знаеше каде е тој сред ноќ. Тие кавги стануваа сè понасилни, а неодамна тој направи хаос. Во еден момент збесна поради расправија со неа, почна да урла и да фрла работи низ дома, за на крај да извади пиштол. Влета со него во дневната соба, каде што била Марина, пукал кон телевизорот и го погодил, раскажува изворот.
Гагиќ почнала да плаче и ја напуштила куќата, но бргу потоа се смириле. Дарко ветил дека никогаш нема да му се повтори ништо слично и дека ќе работи на нивната врска, па таа му дала втора шанса. Но, се чини дека Марина сепак веќе не може да го поднесе јавниот притисок и информациите што кружат за пејачот, а изворот тврди дека се плашела за сопствената безбедност и безбедноста на синот Алексеј. Последните недели повторно започнале расправиите, по што таа решила да се спакува и со своето дете да замине во родното село.
Според Лазиќ, станува збор за мала расправија, но дека сè ќе биде во ред.
Сè е во ред, малку се скаравме. Така е во секоја заедница, има кавги, ништо страшно. Заедно сме, малку се скаравме. Кавга како кавга, одговорил Дарко за српскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.