Иако пред само четири месеци неговата свршеница Марина Гагиќ ги спакува работите и со нивниот син Алексеј се врати кај родителите, фолк-пејачот Дарко Лазиќ заплива во нова врска, и тоа со колешката Барбара Бобак.
На нивните профили тие споделија фотографии и видеа од Швајцарија, каде Лазиќ настапуваше, а таа го прославуваше својот роденден.
Блиска пријателка на фолкерот се огласи во медиумите и откри дека Дарко е затрескан до уши во Барбара и дека „без неа не можел да си го замисли животот“!
Дарко е лудо заљубен во Барбара, се слушаат и гледаат преку видеоповици по неколку пати во текот на денот. Тој веќе планира да оди во Германија и Барбара да дојде кај него за да живеат заедно, вели изворот за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.