Фолк пејачот Дарко Лазиќ проговори за најновото прекршување на законот кога беше фатен без возачка дозвола. Тој вели дека прекршокот свесно го направил и оти тоа не го направил од „бес“ туку дека морал детето да го однесе на лекар бидејќи било болно а немал никој што би му направил услуга.
Тој вели дека е подготвен да ги сноси сите последици, како финансиски така и одење во затвор ако биде потребно.

Ако треба ќе одам во затвор, што е проблемот.Не сум јас поинаков од другите. И тоа е за луѓе. Јас обичен граѓанин и немам врски. Затоа одам во затвор-сериозен е пејачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.