Дарко Лазиќ после сообраќајната несреќа долго време беше на лекување во болница, а после излегувањето доби специјална терапија до која мора да се придржува за повторно да застане на свои нозе.

Сепак, тој ја прекина терапијата затоа што смета дека наскоро ќе може да застане на свои нозе. Тој се врати во семејниот дом, а за целосно да заздрави од несреќата еднаш неделно го посетува Здраствениот дом во Рум.

Дарко до Божиќ соработуваше со лекарите и правеше што ќе му кажат, но после празникот и одењето на домашно лекување престана да се придржува до терапијата, а и физиотерапевт не му доаѓа повеќе во домашна посета како порано, а тоа не е добро за неговата состојба.

Наводно ваквата одлука ја донел поради бремената вереница.

Не сака да се разделува од Марина и сака да ужива во секој момент од нејзината бременост. Бидејќи моментално не работи, времето вооглавно го поминува со нејзе, семејството и пријателите. Иако се уште не застанал на сцената, започна да посетува јани настани и да излегува по кафеани, но не се опива како порано, само чашка до две -рекол извор близок до Лазиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.