Напалениот фудбалер Огњен Врањеш ја спопаѓал и новосадската пејачка Дара Бубамара, која јавно ѝ даде поддршка на Јелена Карлеуша во аферата.
Идентично како и на Јелекна, Врањеш ѝ испраќал приватни пораки на Инстаграм и на Дара, но оваа го игнорирала, прво затоа што не знаела кој е, а потоа, кога станал поупорен и понападен, едноставно го блокирала.
Во врска со наводните инкриминирачки фотографии што ги поседувал и од неа, Дара вели дека се негова болна фантазија.
Море, какви фотографии! Не може да поседува такви фотографии, затоа што такви фотографии и не постојат. Нема, затоа и се замлатува. Ми се заканува затоа што ја поддржав Јелена. Убав поздрав за Врањеш од Дубаи, рекла Дара за српските таблоиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.