Новинарката Дивна Карлеуша со години се бореше со рак на белите дробови. Токму кога ништо не укажувало дека состојбата на мајката на Јелена Карлеуша може да се влоши, таа ја изгуби битката со болеста и почина во својот дом на 61 година.

Пејачката Дара Бубамара, блиска пријателка на Јелена, по смртта на Дивна е видно потресена, а за медиумите истакнала дека смртта на Дивна ја погодла, но и ја потсетила на периодот кога останала без мајка.

Истата вечер отидов кај Јелена за да бидам со неа. Многу ми е тешко, многу ме погоди… Се ме потсети на тоа како ми беше кога почина мајка ми и колку ми беше тешко, затоа уште повеќе сочувствувам со Јелена. Нејзината мајка беше препрасна жена и сега не ѝ е лесно, рекла Дара и додала дека откажала некои настапи поради оваа ситуација.

Требаше да одам вечерва во Милано, ама откажав. Многу ме потресе смртта на Дивна, рекла Дара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.