Актерката Даниела Штајнфелд, која го обвини Бранислив Лечиќ за силување, соопшти дека преку својот адвокат вложила жалба на одлуката на Обвинителството да ја отфрли нејзината тужба како неоснована.

Приговорот е поднесен до Апелациското јавно обвинителство во Белград, објави „Б92“.

Претходно, Вишото јавно обвинителство во Белград на 13 јули објави дека „не постои основано сомнение дека е извршено наведеното кривично дело, ниту кое било друго кривично дело за кое се презема гонење по службена должност.

По таквата одлука, Штајнфелд изјави дека „Обвинителството како да не сака или не смее да види дека има повеќе од доволно докази за да почне судски процес и додаде дека постојат бројни сведоци, вклучувајќи и жртви, но и материјални докази кои ја потврдуваат нејзината траума предизвикана од сексуалното насилство на Лечиќ.

Обвинителот знае дека немам ниту еден мотив да лажам или да измислувам приказни за така страшната траума, за најстрашниот напад на моето човечко достоинство. Кога го поднесував доказниот материјал, обвинителот дури и ми кажа дека ми верува. Морам да нагласам дека јас не бев таа којашто ја иницираше оваа постапка. Обвинителството ме контактираше мене по медиумските објави за филмот „Зацели ме“. Обвинителството со недели инсистираше да почнам постапка. Јас одбивав, затоа што сметав дека не возможно нешто да се постигне и дека таква судска постапка во Србија може да придонесе за мое подобро заздравување. На моите одбивања и реченицата дека нашето правосудство не е структуирано со цел да ја разбере жртвата, обвинителот ми рече: „Даниела, несте фер…“. Јас не морам никому ништо да докажувам. Јас сакам жртвите да имаат слобода да го пријават насилството и да имаат право на помош и поддрѓка. И само една жртва е премногу, а ги има неброено. Тоа мора да престане. Затоа нема да запрам – изјави Штајнфелд.

Од друга страна, адвокатскиот тим на лечиќ во соопштение наведе дека „отфрлањето на кривичната пријава го доживуваат како очекувана правда“.

Тие додадоа дека „има и други докази кои непобитно укажуваат на фактот дека Бранислав лечиќ нема ништо со обвинувањата на госпоѓа Штајнфелд и дека тие докази се уште не се презентирани на јавноста, но се доставени до државните органи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.