Фронтменот на италијанскиот бенд „Манескин“, кој победи на Евровизија, Дамиано Давид (22) објави провокативна честитка на Инстаграм.

Своите пет милиони следбеници Дамиано ги почести со фотографија на која позира целосно гол. Интимните делови ги има сокриено со емотикон од Дедо Мраз, а носи и новогодишна капа.

На фотографијата музичарот в раце го држи својот домашен миленик, мачорот Лего.

Среќен Божиќ на сите. Јас и Лего – напиша Дамиано како опис на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.