„Радио Бубамара“ го објави слоганот за претстојното издание на „Златна бубамара на популарноста“, кој гласи ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ !!!
Драги наши ОТРУЕНИ и ЗАПОСТАВЕНИ граѓани, доколку се уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и уживаме во најновото издание на ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА
Време е – ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ! – на музика, смеа и работа
Откако се – ОДДАДОВМЕ – на лажење, крадење и НЕВЕРСТВА…
Ова е можност за просветлување и ВОСКРЕСНУВАЊЕ НА НАДЕЖТА
Како народ кој си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.
Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате – за сите вас има по едно „седиште“ во СЕДИШТЕТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА.
Од нас добивте 22 години – Па од кого имате добиено повеќе
ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ – на музика,смеа и работа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.