Јелена Карелуша решила куќата на својата покојна мајка Дивна, никогаш да не ја продаде.

Пејачката на тој начин сака да го сочува споменот на познатата водителка на Радио Белград, која после повеќегодишната борба со ракот на белите дробови, почина пред девет дена во својот дом во белградската населба Алтина.

Јелена, бидејќи била многу врзана со мајка и, цврсто решила никогаш да не ја продаде куќата на Дивна, а нема да ги допира ниту работите кои мајка и ги имала во домот. ЈК сака се да остане недопрено, за да ја потсетува на мајка и, кога ќе го посетува нејзиниот дом- рекол добро информиран извор.

Дивна не сакала да си оди од таа куќа. Јелена и Душко сакале да и купат луксузен стан во престолнината, но водителаката не сакала да слушне за тоа. Таа куќа е на крај на слепа улица и таму Дивна имала свој мир, кој не сакала никој да и го поремети.

Јелена и самата живеела некое време во таа куќа, па и сама има мноштво спомени од таму.

Откако после седум години брак се разведоа татко и и мајка и на Јелена, тие двете живееја во таа куќа. Пејачката помина таму дел од своето детство, а често во гости им доаѓала и сестрата на Дивна, Данијела, за која Карлеуша исто така е многу врзана. Поради тоа ЈК тој дом ќе го одржува и посетува кога и да и биде тешко – заклучил изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.