Нивната љубовна приказна која трае повеќе од 12 години е секогаш интересна за јавноста. Хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо иако долги години живеат заедно, сѐ уште не се во брак.

„Бракот ќе ни ја расипе љубовта“, изјави Петар Грашо кој до сега никогаш не бил во брак. Но, малкумина знаат дека Данијела зад себе има еден брак, оној со пејачот Марко Перковиќ- Томпсон.

Данијела се омажи за Перковиќ во раната младост, во деведесетите години, а тој брак кратко траеше. Во 1992 година, двајцата снимија дует. Се венчаа во 1995 година во црква во Сплит, па три години живееа во таен брак. По три години, се разделија, а дури во 2005 година, црквата го поништи нивниот брак.

„Пресреќен сум што Црквата го поништи мојот брак со Данијела. Со сопругата Сандра сега конечно можам да живеам како што Господ заповеда“, изјави Томпсон за својата сопруга со која има пет деца: 13 годишниот Анте, осумгодишните близначки Катарина и Цвита, дванаесетгодишната Дива марија и 15 годишниот Шимун.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.