По барање на бизнисменот Милан Поповиќ, Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе привремена мерка за забрана за објавување фотографии на социјалните мрежи и медиумите од неговиот син Александар од страна на неговата мајка Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Пресудата гласеше и дека тие имаат рок од осум дена да ги избришат сите фотографии од нивните профили, а забраната за споделување важи за секаков вид на јавно експонирање.

И Северина и Игор ја обжалија оваа одлука, но додека за мајката на Александар постапката е во тек, за очувот Којиќ таа е одбиена.

Сепак, Игор пред два дена на „Инстаграм“ сподели семејна фотографија, на која во аголот се гледа како го носи и малиот Александар за рака.

Казната за прекршувањето на привремената мерка на судот изнесува 750 евра. Според законот, таа казна може да се зголемува двократно, доколку се повтори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.