Вдовицата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Светлана Ражнатовиќ, искоментирала дека убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ ќе биде изречен во Србија од Јужноафриканската Република, и дека се чека само потпис на тамошниот министер за правда.

Фала му на Бога што конечно ќе плати за злоделото за кое и моето и уште две семејства се завиени во црно. Божја правда е да биде затвореник во земјата во која и извршил злосторство и од која избега како последна кукавица. Се надевам дека до крајот на животот ќе труне во затворот и дека ќе има доволно време одново и одново да се соочи со своите недела – рекла Цеца за српските медиуми.

Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен во хотелот Интерконтинентал во Белград, на 15.01.2000 година,околу 17 часот и 15 минути. По информациите на луѓето кои се наоѓале во непосредна близина на Аркан во времето на убиството, тој се наоѓал во во ресторанот во хотелот со неговиот телохранител Миленко Мандиќ, а потоа заминале во холот на хотелот во близината на рецепцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.