Цеца Ражнатовиќ таа во интервју се присети како во 1991 година направила пауза и одлучила да ги промени соработниците со кои дотогаш соработувала, а во чиј период настанале хитовите „Цветак зановетак“ и други.
Направив пауза од една година. Сакав да го променам тимот и да направам нешто поинакво. Имав визија песните да ми бидат со посилна порака. Веќе станав девојка, целосно сакав моите песни да бидат поинакви. Потоа дојдоа Марина и Фута. Се препознав во нивните песни и го сакам тој начин на пишување и обраќање на публиката.
Дојдов до бројот на Марина, ѝ се јавив, беше доцна на пладне, зима. Реков: „Би сакала да разговарам со Марина“, ми рече: „Јас сум“. Реков:„ Цеца Величковиќ на телефон“, тогаш уште го имав тоа презиме. Имав 19 години.
Таа ми рече:„ О, млада дамо, тебе те чекам веќе долги години и знаев дека ќе се јавиш кога тогаш“. Веднаш се договоривме да се видиме истата вечер. Дали верувате дека имаат цел албум склопен за мене? Тоа е албумот „Шта је то у твоим венама“ – искрено открила Цеца после толку години.
Таа објаснила и како настанала и песната „Кукавица“, кој и ден денес е голем хит:
-После тоа работев на една турнеја, учествуваа многу мои колеги, беше од хуманитарен карактер, но и натпреварувачки. Каравнот патуваше секаде по нашите земји, а мене ми требаше нова песна, иако албумот само што ми излезе, со која ќе се претставам на „Ктитор фолк лига“ и имав што да снимам.
Дали балада или нешто побрз. Фута ми каќа имаме една песна за тебе, но многу пејачи ја одбија и никој не сака да ја сними. И, секако Марина тогаш беше во кујната, сето тоа се случуваше во нејзиниот стан. Му рече:„Футо, немој тоа да го свириш без врска е“. Јас реков:„ Ве молам, сакам да слушнам што сте направиле, а дека е без врска, не можам да верувам“. И тој ми запеја дел од текстот, а јас веднаш реков дека тоа е лудило и дека токму таа песна е она што мене ми треба.
Направивме аранжман и утредента ја отпеав песната за на крајот од неа да испадне вистинско ремек дело – рекла Цеца за новогодишното интервју за РТВ Нови Пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.