Анастасија Ражнатовиќ го посети гробот на својот покоен татко Жељко кој беше убиен во 2000 година, а денес да беше жив ќе наполнеше 67 години.

Нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ, прв пат оваа година нема да го посети неговото вечно почивалиште на денешнен датум.

Иако често оди на гробот на Аркан, особено кога станува збор за помен или неговиот роденден, Цеца овојпат била спречена да го посети затоа што е на службено патување.

На гробиштата денес отишла само Анастасија која запалила свеќа и се задржала на гробот околу 30 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.