Цел ден пристугнуваа автобуси и автомобили во Сврљиг, град и општина на југот на Србија, каде што синоќа пред 30 илјади луѓе одржа концерт балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Како што јавуваат српските медиуми, имало гости од Македонија, Бугарија и Романија.

Според пишувањата, на концертот имало повеќе од 30 илјади народ и тоа во време кога рапидно се шири делта сојот на коронавирусот, а Цеца, штом се појавила на сцената, публиката ја поздравила со „Цецо, ние те сакаме“.

Ќе ја направиме ли оваа ноќ за паметење? Аде девојки, да им покажеме на момчињата како знаеме да се забавуваме, важи? рекла Цеца пред почетокот на концертот.

Во Србија, како и во Македонија секојдневно расте бројот на заразени со ковид-19, а властите говорот дека регионот веќе се наоѓа во четвртиот бран на коронавирусот. Делта сојот се шири многу полесно и побрзо и мометно тој доминира во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.