Пејачката Маја Беровиќ доживеа вистинска драма кога лица со фантомки на главите пукале во комбето во кое се наоѓале членовите на нејзиниот бенд.
Инцидентот се случил во Мостар, кога пејачката се враќала од успешниот настап.
Таа се возела во автомобил зад комбето и видела се’ што се случило, поради што претрпела голем стрес. Маја изјави дека полицијата врши увид и дека не се знае поради што пукале во нив.
По овој повод се огласи и Цеца Ражнатовиќ.
Престрашно е што се случуваат работи како што е нападот на Маја Беровиќ. Шокирана сум и длабоко потресена како од нападот на мојата драга пријателка и колешка Маја Беровиќ, така и поради фактот што се случуваат такви работи, изјави Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.