Зорица Брунцлик прва говореше на комеморацијата во чест на својот кум, трагично загинатиот Шабан Шаулиќ.
Пејачката едвај низ солзи успеа да го каже последниот поздрав до својот драг пријател, пренесуваат спрските медиуми.
После тебе живот не постои, а ти беше и остана мој пејач, за сите поколенија во светот, рекла низ солзи Брунцлик.
Комеморацијата започна во 11 часот, а во свечената сала на Општината во Белград присутни се бројни пријатели, колеги и обожаватели.
Во очајна состојба е фотографирана и Цеца.
Слушајќи ги зборовите на пријателите на нејзиниот сопруг, Гоца Шаулиќ во еден момент почнала неутешно да липа, по што не издржа ни Ивица Дачиќ, кој постојано беше до неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.