Поп-пејачката Бритни Спирс, со својот свршеник Сем Асгари, е на одмор на хавајскиот остров Мауи.
Како што пишува „Ин тач викли“, таа не само што избегала од папараците пред следното рочиште во судскиот спор со нејзиниот татко, туку и ја испланирала својата венчавка на ова „магично место“, според зборовите на близок пријател на двојката.
Тој изјавил дека таа се надева дека конечно ќе го исполни својот сон да се омажи за љубовта на нејзиниот живот…
Бритни е навистина оптимист за иднината. И сега, кога ја враќа контролата над својот живот, нејзината венчавка од соништата ќе се одржи на Хаваи, во хотелот „Монтаж капалуа бич“ на Мауи. Ова е омилениот хотел на Бритни. Таа и Сем го сметаат за многу романтично место – изјавил неименуваниот пријател на двојката за весникот.
Бритни претходно најавуваше дека засега нема намера да ѝ се врати на сценската кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.