Бритни Спирс е осомничена за физички напад врз вработена во својот дом. Поп-ѕвездата е под истрага од полицијата во Округот Вентура.
Првиот коментар на обвинетата страна е дека инцидентот е „напумпан“ од медиумите.
Во понеделникот, околу 10:25 часот, имаше спор меѓу г-ѓа Спирс и еден од нејзини вработени, во домот на г-ѓа Спирс. Член на персоналот пријави дека за време на спорот, г-ѓа Спирс ја удрила вработената. При настанот нема повредени. Полицијата реагираше во домот на г-ѓа Спирс и спроведе истрага. На крајот, извештаите ќе бидат проследени до Канцеларијата на окружниот обвинител во Округот Вентура за да се разгледаат. Инцидентот е класифициран како едноставен прекршок – соопштија властите.
Извор близок до Спирс ја оцени состојбата како „напумпана таблоидна приказна“. Според него, немало физичка пресметка и никој не бил повреден.
Бритни се наоѓа среде судски процес за ослободување од посебниот надзор што татко ѝ го има врз нејзиниот имот, со рочиште закажано за крајот на идниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.