Американската поп-пејачка Бритни Спирс покрена тужба со цел да го лиши нејзиниот татко од спорното старателство, што нему му дава контрола над нејзините финансии. Таа бара тој да биде заменет со независен сметководител, се наведува во судските документи.
Метју Розенгарт, сегашниот адвокат на Спирс, минатата недела изјави дека презел агресивна и брза акција за отстранување од посебниот надзор на Џејмс Спирс. Сега е поднесена и тужба пред Судот во Лос Анџелес за назначување на сметководителот Џејсон Рубин за главен финансиски управител на поп-ѕвездата. Имотот вреди 60 милиони долари.
Отстранувањето на Џејми Спирс го бараат и обожавателите на Бритни, кои дури и организираа кампања за нејзина поддршка под наслов „Слобода за Бритни“.
Според новиот адвокат на пејачката, таа е во можност да избере кој ќе ја застапува и да назначи кој ќе управува со нејзината состојба. Сепак, адвокатот на таткото на пејачката вели дека нема доброволно да се повлече од старателството. Претходното барање беше одбиено од судијката во случајот, Бренда Пени.
Ново рочиште за двата предлози поднесени од новиот адвокат на Спирс сега е закажано за 29 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.