Холивудскиот актер Бред Пит (56) е во врска со германската манекенка Никол Потуралски (27), која, како што пишуваат медиумите, се уште во брак.
Германката Никол Потуралски веќе неколку дена е тема број еден на сите светски таблоиди, а на медиумите им беа потребни само неколку дена за да дознаат мошне интригантни детали за животот на убавата манекенка.
Пред неколку дена, Бред и Никол беа видени како се прегрнуваат чекајќи да се качат во приватен авион. На почетокот сите мислеле дека станува збор за слободна, млада и привлечна жена која неодоливо потсетува на Ирина Шајк.
Како што пишува „Дејли мејл“, се покажало дека Никол е во брак со 68-годишниот богаташ и угостител Роланд Мари.
Медиумите тврдат дека Бред и Никол се запознале токму во ресторанот на нејзиниот сопруг и дека тој веднаш се вљубил во оваа убавица.
Никол и Роланд го имаат синот Емил (7), а Мари не сакал да ја коментира врската меѓу својата сопруга и актерот.
Не го интересира негативност, ниту љубомора. Тие сè уште се во брак, а таа врска може да се опише како отворен брак – изјавила пријателка на манекенката Никол Потуралски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.