Состојбата на американската актерка Шенон Доерти (49), најпозната како Бренда Волш од хит серијата „Беверли Хилс 90210“, е влошена, па таа полека се подготвува за најлошото.
Доерти, која има рак на дојка во најтешкиот, четврт стадиум на болеста, вели дека сака да биде подготвена да се збогува со луѓето што ги сака и планира да снима видеопораки за членовите на нејзиното семејство.
Кога ќе дојде време, ќе им напишам писма и ќе снимам пораки на моите најблиски. Сакам мајка ми и сопругот Курт да знаат колку ми значат и колку ги сакам, сепак сакам да им кажам многу работи…Се чувствувам како многу, многу здраво човечко суштество. Тешко е да се стави крај на сето тоа и да се откажеш кога ќе се чувствуваш како да живееш уште 10 или 15 години, рече Шенон во интервју за списанието „Ел“.
Актерката во февруари откри дека ракот на дојката метастазирал во ‘рбетот.
По операцијата, хемотерапијата и зрачењето, таа влезе во ремисија, но почна да чувствува силна болка во грбот, а потоа ја дозна страшната вест – ракот се проширил надвор од градите и лимфните јазли, сè до ‘рбетот. Лекарите ја предупредија дека ракот веројатно ќе метастазира во мозокот, белите дробови и црниот дроб.
Актерката во моментов е на хормонска терапија за блокирање на естрогенот, што предизвикува раст на ракот, а истовремено зема и друг лек за кој се покажа дека помага во нејзината терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.