Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, син на сопругот на Лепа Брена од првиот брак, станаа родители на момчето Александар, а младиот татко прославата ја организираше во домот на Живојиновиќ.

Гордиот татко Филип за оваа прилика имал посебна маица, со цртеж на бебе.

Лепа Брена не ја криела среќата, а на фотографијата со мајката на Филип, Зорица и мајката на Александра, Борка, ниту една од трите баби на малиот Александар не можела да ја сокрие насмевката.

Бројни познати личности дошле да прослават по повод раѓањето на малиот Александар на кој била присутна скоро цела српска естрада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.