Kако и секоја година, така и оваа, „National Enquirer“ предвиде што може да се случи со познатите во 2021 година. Бред Пит, Џенифер Лопез, Кети Холмс, Лејди Гага се само дел од имињата на кои таблоидот им ја „напиша“ иднината.
Пит, наводно, ќе ја добие битката за старателство против Анџелина Џоли. Судот ќе донесе одлука во полза на актерот, па тој и поранешната сопруга ќе го делат старателството над нивните пет од шесте деца. Воедно, Џоли ќе се смири со нејзиниот татко Џон Војт, бидејќи тој боледува од сериозно заболување.
Исто така, се предвидува дека поранешната сопруга на Том Круз, актерката Кети Холмс, ќе раскине со нејзиното младо момче, готвачот Емилио Витол. Но, актерката нема да има скршено срце долго бидејќи ќе се заљуби во некој од нејзината индустрија.
Џенифер Лопез ќе раскине со Алекс Родригез во 2021 година откако Алекс ја изневери. Првично, поранешниот атлетичар ќе ја негира својата врска, но нема да помине многу време и ќе продолжи со друга жена.
Лејди Гага и нејзиното момче, претприемачот Мајкл Полански ќе раскинат следната година. Актерката на крајот ќе се заљуби во актер од висок профил, кој штотуку ќе се разведе.
Ќе започне постапката за развод на Ким Кардашијан и Канје Вест, а тоа ќе предизвика ментална слабост кај раперот. Потоа ќе се пријави во рехабилитациското одморалиште.
Елен Деџенерис ќе си даде оставка од нејзиното шоу за да се фокусира на актерството и да работи на стенд-ап комедии.
Џорџ Клуни и Амал Клуни ќе се обидат да се вклучат во политиката, за да можат да учествуваат на изборите во 2024 година.
Бракот на принцот Хари и Меган Маркл ќе пропадне поради постојаните критики. Двојката ќе се раздели за да ја процени иднината на нивната врска.
Мајли Сајрус ќе влезе во краткотрајна врска со истакната телевизиска sвезда од реално шоу. Тој исто така ќе има неколку сериозни врски, но ништо нема да трае.
Предвидено е принцот Ендру да доживее исцрпувачки мозочен удар, откако беше осуден за сексуално злоставување на малолетни девојчиња.
Крис Џенер ќе раскине со Кори Гембл и ќе започне да се забавува со Рајан Сикрест.
Мишел Обама ќе се кандидира за американскиот Сенат, но Барак Обама нема да ја поддржи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.