Никол Потуралски (27), девојката на американскиот актер Бред Пит (56) се појави на фотографии со нејзиниот сопруг Роланд Мари (68) пред неговиот ресторан во Берлин. На фотографиите се гледа дека тие двајца се добро расположени, опуштени и не ги симнуваат насмевките од лицето.

Германската манекенка излегла од ресторанот „Борчард“ со својата пријателка, а брзо потоа ѝм се придружил и нејзиниот сопруг со кого Потуралски е во брак осум години.

Ова е прво заедничко појавување во јавноста на Никол и нејзиниот сопруг, откако во јавноста се појавија информации дека Потуралски е во љубовна врска со Бред Пит.

Медиуми пред неколку месеци објавија дека новата девојка на Бред Пит е омажена и дека има син, но дека нејзиниот сопруг Роланд не е љубоморен и не се грижи за нејзините вонбрачни афери.

Романд и Никол, наводно, имаат „отворен брак“, а Никол го запознала Роланд во неговиот луксузен ресторан, исто како и Бред. Роланд очигледно има повеќе искуство со романтични искушенија и љубовни проблеми, бидејќи зад себе има четири пропаднати бракови.

Роланд е филозофски тип на човек. Тој бил во брак неколкупати и има пет деца. Тој не е заинтересиран за негативност или љубомора. Тој и Никол сè уште се во брак, но нивната врска можете да ја опишете како отворен брак. Не постои напнатост помеѓу Никол и Роланд, сè е во ред помеѓу нив – открива негов близок пријател.

Бред Пит го познава бизнисменот Мари со години. Го запознал во 2009 година кога снимаше на локација во Германија.

Никол е модел, патува многу, а има повеќе од 100.000 следбеници на социјалните мрежи, а редовно споделува содржини и фотографии во разни модни изданија.

Таа има полско потекло и зборува пет јазици. Во кариерата редовноучествува на модни ревии во Њујорк, Париз и Милано и ги краси насловните страници на престижните модни списанија како „Ел“ или „Космополитен“.

Манекенката е особено горда на својот син Емил, кој редовно се појавува на фотографии на својот профил на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.