Петнаесет години по разводот, актерите Џенифер Анистон и Бред Пит заедно ќе учествуваат во акцијата „Fast Times at Ridgemont High“, која ќе се бори за собирање средства за најпогодените од корона вирусот.
Поранешните сопружници Џенифер и Бред се приклучија на специјалното вклучување преку интернет, во кое учествуваат и други познати лица, а ќе се емитува вo четврток.
Првите фотографии од настанот протекоа во јавноста, на кои гледаме како изгледаат Џенифер и Бред за време на разговорот.
Покрај нив, во овој проект учествуваат и Морган Фримен, Џулија Робертс, Метју Меконахи и други, а овој потег го поздравија многумина ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.