Играчите од фудбалската репрезентација на Србија го посоветувале својот соиграч, Душко Тошиќ, да што поскоро се разведе од Јелена Карлеуша, зошто таа прави мајмун од него. Тие својот искрен совет му го дале бидејќи сметаат дека Душко е добар и успешен човек, пренесува српски „Курир“.

Сите знаат колку се сакаа Јелена и Душко, можеби се сакаат и ден денес. Меѓутоа, нејзиното неверство со фудбалерот од Бања Лука остави неизбришлива трага, поради која Душко страда. Без оглед на тоа што ни тој не е цвеќе за мирисање, колегите го посоветуваа да ја остави пејачката. Некои му велат дека е изигран, други дека во јавноста изгледа како несреќник, кој трпи понижувања и дека ниеден нормален маж не би дозволил жена му на таков начин да му набива рогови и да го прави мајмун, вели добро упатен извор за весникот, додавајќи дека српските репрезентативци ја обожавале Карлеуша сè до моментот кога допишувањата со Огњен Врањеш излегле во јавноста.

Според изворот, Душко веќе поднел документи за развод, но го одложил по смртта на Дивна Карлеуша.

Во меѓувреме, Душко се обрати преку „Инстаграм“:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.