Цеца Ражнатовиќ неодамна доживеала непријатност кога ѝ било јавено дека непознат маж и упаднал во куќата на Кипар. Имено, извесен О.Л. првалил во визбата на вилата и неколку дена престојувал таму. Кога соседите забележале дека непознат маж шета по дворот, повикале полиција, која брзо реагирала. Кога го привеле викал: „Зошто ме апсите, таа е моја жена!“

О.Л. е од Сараево, но живеел во Белград и е психички болен човек кој веќе неколкупати провалува во куќата на пејачката. Инстаграм профилот му е полн со фотографии од пејачката под кои често пишува чудни коментари. Неодамна дури и под фотка направена во Аја Напа напишал: „Те посакувам Цеки, толку силно те посакувам… Свадба, Светлана љубов.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.