Фронтменот на легендарните Рибља Чорба , Бора Ѓорѓевиќ, кој наскоро ќе одбележи 40 години кариера, и повеќе од јасно е дека го знае рецептот на успех и истрајност. Во интервју за српски „Курир“ открива што мисли за музичарите кои пеат на аутотјун, но открива и детали од бракот со сопругата.
Секој има свое старо добро време. Нема да зборувам за пари, тоа не е важно. Ние постоиме 40 години, имаме некои хонорари, живееме од тоа, професионалци сме и не се срамиме. Туку, имаш луѓе во мои години, па и некои постари, кои велат дека првите пет албуми ни биле вистински. Секој има некоја своја љубов со „Лутка са насловне стране“, „Остане ѓубре до краја“, па преку новите „Теби“…, рекол Бора и додал дека никој не може да ги загрози рокерите.
Никој не може да не загрози, ниту фолкерите, ниту народњаците, тоа се некои хибриди. Како да ги наречам луѓето кои се служат со аутотјун? Па и мојата баба може да биде пејачка и тоа исклучително добра. Доаѓаш, кажуваш три збора на микрофон и потоа на компјутер се местиш, заклучил Бора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.