Лепа Брена пред повеќе од 30 години ја посетила познатата јасновитка Ванѓа, која и ја предвидела иднината.

За тоа често зборувала, но сепак изоставила еден детал, за неа изгледа многу болен.

Се работи за грабнувањето на синот Стефан. Според блиските на Брена, Ванѓа уште тогаш предвидела дека наследникот на пејачката ќе биде киднапиран и ја советувала што да прави, но…Зборовите на Ванѓа, Брена тогаш ги сватила дури откако киднапирањето се случило.

Ванѓа тогаш и рекла на Брена дека ќе има само машки деца, што малку ја разочарало, но и дека многу ќе се намачи со еден син. Се разбира тогаш била девојка и сето тоа и било чудно. Пред самото одење, кога веќе била на вратата, Ванѓа на Брена и рекла дека задолжително мора да почне да пали свеќа на Свети Стефан! Таа се здрвила и ја прашала јасновитката зошто треба тоа да го прави, но Ванѓа и одговорила: Нема врска, гледам дека нема тоа да го правиш. Но кога тоа ќе се случи, ќе се сетиш на моите зборови и ќе почнеш да палиш свеќа на Свети Стефан. И тука завршила посетата на Брена на Ванѓа – рекол извор близок до Брена.

Од моменот кога Стефан е спасен од киднаперите, Брена постојано оди во еден манастир, каде  го прави токму она што ја советувала јасновитката.

Мене Брена овој детал ми го раскажа дури пред две години и бев вчудоневиден кога тоа го слушнав лично од неа – додал изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.