Поранешниот тенисер и сопруг на пејачката Лепа Брена, Слободан Боба Живојиновиќ во емисијата „Šta sam tebi i ko sam sebi“ зборуваше за неговите деловни потфати.

Ја основав продукцијата „Гранд“ за 2 недели. Ако сакате да основате компанија, а немате партнер да го натерате да го води сето тоа…Работев од утро до вечер. Треба да најдете и извлечете квалитетни луѓе, а тоа не е лесно. Но, сега тоа ми оди само по себе и не морам ни да се појавувам веќе. Се плашам дека моите деца, гледајќи ме како го правам сега ова, ќе помислат дека е многу лесно. Но, во суштина, мора да постои визија, раскажа Живојиновиќ.

Тој посочи дека сега работи на инвестиција од 50 милиони евра.

Имаме неколку сериозни проекти. Правиме сериозна инвестиција на Златибор, инвестиција од скоро 50 милиони евра. Сега почнувам инвестиција и во Мајами, откри тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.