Благица Павловска тврди дека коронавирусот е вештачка, измислена болест, и вели дека не се плаши оти ќе зарази поради нејзиниот силен имунитет. За порталот Женски магазин, фолк пејачката вели дека пред секое патување, и воопшто кога е дома, прави инхалација со морска сол и со јаболков оцет.
Со години себеси се третирам со солена вода, се парам со солена вода и се мачкам со оцет. Правам пареа на лицето, инхалација на грлото. За осми март пеев во Канада, па бев во Швајцарија. Тоа беше почетокот на корона кризата кај нас. Интересно е што дозвола за настапи имаше само локалот каде што пеев јас, во другите не беше дозволено и настапот ми помина одлично. Веднаш откако се вратив, се заострија мерките, раскажа Благица.
Пејачката вели дека таа е отпорна на сите вуруси, затоа што нејзиниот организам создал имунитет.
Да не даде Господ овој вирус да дојде до било кој од нас, но јас сметам дека мојот организам е борец, додава Павловска. Таа смета дека од сите лоши нешта ја штити и нејзината верба и религиозност.
Целиот текст можете да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.