Како што пренесуваат медиумите, Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во петок, во Алејата на заслужните граѓани во Белград.

Иако Шабан е роден во муслиманско семејство, во тој дух, нема да биде погребан по тие обичаи, но ниту по било кои други. Како што пишуваат медиумите, ќе биде направен граѓански погреб, без било какво свештено лице.

Шабан е роден во муслиманско семејство, воспитуван е во тој дух, но нема така да биде погребан. Шабан никогаш не бил верски дефиниран. Ќе се изврши граѓански погреб. Шабан ги почитуваше сите вери, но ниедна не исповедаше. Никогаш не влегол во ниту еден верски објект. Организираната религија за него беше туѓа. Беше човек кој никогаш не гледаше кој која вера е. Важно му беше само каков човек е – објаснил изврот.

Како што јавуваат медиумите, комеморацијата најверојатно ќе биде одржана во петок, пред погребот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.