Пекачот и фронтмен на „Тропико бенд“, Александар Сале Цветковиќ во српска емисија денеска раскажаза своето искуство со коронавирусот, кој го прележа неодамна.

Бев тажен првите недела дена зошто бев сам, никој не смееше да дојде, ми оставаа храна пред вратата. Онлајн ја прославив и годишнината од бракот. Поминав добро зошто немав воспаление на градите, но морав да седам еден месец дома. Сега побрзо се заморувам. Правевме онлајн концерт и тоа ми беше прв настап по короната, играв и скокав, но затоа и паднав во несвест, после спиев не знам ни јас колку долго, раскажал тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.