Роберт Омаљев, првиот син на Шабан Шаулиќ, од раѓање е исправен пред тешки животни искушенија. Роберт е роден парализиран, а неговата мајка не се грижела за него, па грижата ја презела нејзина сосетка, Радованка Каначки, позната во Зрењанин како баба Сека.

Екипа на Српски телеграф ја посетила 85-годишната баба Сека во Зрењанин, а таа открила детали од односост на Шабан со вонбрачниот син и истакнала дека пејачот се среќавал со синот тајно и долго.

Роберт е парализиран речиси од раѓање. Мајка му работеше во Германија, па го остави кај татка ѝ во Батајница. Еден ден тетка ѝ одлучила да го донесе во Зрењанин кај бабата на детто, зашто мајка му Нена не праќала пари за издржување. Баш тогаш јас и мојот покоен сопруг поминавме пред куќата каде што живееја родителите на Нена и видовме бебе само на улица. Тој имаше 10 месеци тогаш. Веднаш го земајв кај нас, а набрзо дознав дека е синот на Нена. Веднаш се врзав со детето. Сакав да се грижам за него, но Нена го одведе во Германија. Набрзо го врати и оттогаш е кај мене, раскажала баба Сека.

Но, таа кажува и нешто што медиумите го нагаѓаа и погрешно го пренесуваа.

Шабан и Гоца доаѓаа да го гледаат. Одевме во Шабац на панаѓур заедно. Шаулиќ ми подари златни обетки, овие што ги носам и денес, скапоцени вази. Даваше пари за се што м беше потребно на Роберт, а јас го водев во бања Русанда кај Меленац на терапии за да прооди. Тоа беше тежок период. Додека работев во бавча, ќе го врзам за грб Роберт и копам. Но, набрзо прооде, но и ден денес ќопа на едната нога, раскажува Радомирка низ солзи и додава дека Гоца ѝ понудила 10.000 марки на Нена за вонбрачниот син на пејачот да не се презива Шаулиќ.

Гоца ѝ предложи на Нена Роберт да премине да живее со нив, но таа да нема контакт со него. Нена не сакаше да прифати, зашто сакаше да биде со Шабан. Кога Роберт наполни 8 години, Гоца побара од Нена момчето да не се презива Шаулиќ. Им даде 10.000 марки за да го избришат презимето, а Нена прифати и оттогаш го носи презимето на очувот, Омаљев. Со тие пари купија плац, па се разделија. После ретко се гледаа, вели баба Сека и доава дека Шабан последен пат дошол да го види Роберт во Зрењанин пред десетина години.

Откако го смени презимето, Роберт и Шабан ретко се гледаа. Ни Санела, ни Илда, ни Михајло не му се јавуваа. Само Шабан се јавуваше од време на време да праша како е Роберт и дали му треба нешто. Доаѓаше тајно за да го види. Така со години, речиси половина живот на детето му помина така. Кога ќе го прашав зошто повеќе не се грижи за Роберт, ќе замолчеше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.