Новите папараџцо фотки од Анџелина Џоли како пазарува со своите ќерки Шајло, Захара и Вивиeн предизвикаа доста реакции во јавноста. Многумина забележаа дека Шајло после долго време е облечена со здолниште, како и дека ја пуштила косата да расте.
Четиринаесетгодишната ќерка на актерите Џоли и Бред Пит, долго време се облекуваше како машко, а американските медиуми пишуваа дека сака да го промени полот. Наводно, пред неколку години од нејзините родители побарала да не ја викаат Шајло, туку ги замолила да ѝ се обраќаат со Џон.
Со години се шпекулираше дека Џоли сама решила да ја прати на хормонска терапија со што би почнал процесот за промена на полот, како и дека уште од мали нозе ја поттикнувала ќерка си да продолжи да се облекува и однесува како да е машко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.