Српската пејачка Наташа Беквалац со трогателна порака ѝ го честита вториот роденден на помалата ќерка Катја, објавувајќи фотографија со исповед на својот инстаграм-профил.
Се сеќавам кога докторите рекоа дека нема да биде добро … двете знаевме дека ќе биде … Се сеќавам дека го кажаа денот кога ќе се родиш … Знаев дека ќе биде како што сакаш ти … од моментот кога се роди, па дури и преку тебе, се запознавам себеси, ме научи дека правила не постојат и дека единствената работа што се однесува на нас е ЉУБОВТА! Се сеќавам дека ме научи што значи да се биде храбар. Ти благодарам што ме водиш по патот по кој одат похрабрите девојчиња! Ти благодарам што ме избра да ти бидам мајка, Катарина моја. Среќен роденден, чедо мое, напиша Наташа Беквалац во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.