Естрадниот магазин Бекстејџ објави видео во кое тврди дека нивната редакција поседува експлицитни фотографии од три македонски убавици: Лила Филиповска, Александра Накова и Јелена Спенџарска.

За таа цел, тие одлучиле да ги контактираат дамите и да им дадат до знаење дека таквите фотографии од нив ќе бидат објавени. Секако, ова е само една првоаприлска шега на која трите јавни личности различно изрегирале: Лила се закани дека ќе има проблем доколку тие се објават, Накова праша дали тие се од порано, а Спенџарска пак тврдела дека фотографиите се монтажа.

Еве какви одговори доби Бекстејџ, а вие сами проценете кој се сомнева дека постојат такви фотографии, а кој е сигурен дека нема такво нешто…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.