Девојката која му била инспирација на Владо Дијак за eден од најголемите хитови на „Бијело дугме“, „Селма“, вчера наполни 90 години. Жељко Бебек кој ја изведуваше песната додека беше пејач во „Бјело дугме“ ја посети Селма Борис во нејзиниот дом, се фотографираше и објави на социјалните мрежи.

Мојата драга Селма слави 90 роденден. Срекен роденден од срце, напиша Бебек на својот Фејсбук профил.

Хитот „Селма“ е посветен на жената во која Владо Дијак бил вљубен, а нејзиното заминување на факултет го преточил во една од најубавите љубовни песни. Владо и таа се запознале во 1945 година.

 

Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот““, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.