Легендарната музичка ѕвезда, Барбара Стрејсенд, една од најпродаваните изведувачи на сите времиња, денеска го прослави 79. роденден.

Стрејсенд е родена во еврејско семејство во Бруклин во Њујорк. Нејзиниот татко, наставник, починал кога таа имала само 15 месеци, а потоа таа не се сложувала најдобро со својот очув.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand)

Нејзината сестра, Рослин Кајнд исто така е пејачка. Нејзината мајка, Дајана Ајда Розен, не ја подржувала Барбара во желбата да се занимава со шоу бизнис, сметајќи дека не е доволно убава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand)

Стрејсенд уште како тинејџерка почнала да пее во ноќните клубови. Сакала да биде актерка и се појавила во неколку оф-бродвејски претстави – во една глумела со Џоан Риверс, која исто така сакала да стане актерка. Нејзиното тогашно момче, Бери Денен, и помогнало да го осмисли својот прв настап со кој почнала да стекнува слава како пејачка, најпрвин во геј баровите во Гринич Вилиџ на Менхетен, 1960 година.

Името Барбара го скратила на Барбра со цел да биде попрепознатлива.

На 19 години, 1962 година се појавила за првпат на Бродвеј, во мјузиклот „I Can Get It for You Wholesale“. Истата година го потпишала договорот со музичката куќа Колумбија Рекордс. Нејзиниот прв албум, „The Barbra Streisand Album“ излегол во 1963 година и со него таа освоила две Греми награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand)

Нејзините наредни албуми исто така биле успешни, така што во еден момент нејзините први три албуми се нашле истовремено меѓу првите десет на Билбордовата топ листа и тоа во време кога рокенролот и Битлси доминирале на топ листите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand)

Во 1964 година таа добила улога во претставата „Смешна девојка“, базирана на животот на Фани Брајс.

Улогата најпрвин требало да и припадне на актерката Ен Банкрофт, но Џул Стејн, авторката на музиката за претставата, по гледањето на претставата „I Can Get It For You Wholesale“ ја посакала Барбара за главна актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand)

По неколку успешни појавувања на телевизија, меѓу кои било и шоуто на Џуди Гарланд, во 1965 година таа ја добила својата емисија Си-Би-Ес под насловот „Се викам Барбра“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand)

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.